• mk
  • en
  • sq
  • de

ЗОШТО ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ?


Затоа што нашата мисија и главна определба е задоволување на потребите и очекувањата на нашите деловни партнери и клиенти преку обезбедување на квалитетна услуга која е во согласност со стандардот за квалитет ISO 9001:2008 кој Дени Интернационал го има усвоено.

Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.

Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).



Специјалност ни е збирниот транспорт од и до сите дестинации во Европа, а нудиме и поединечен транспорт. Располагаме со комплетно ЦМР осигурување и 24-часовна комуникација со возилата каде и да се наоѓаат. Веќе долго време успешно соработуваме со најголемите светски шпедитерски куќи.

Складот се простира на 6.500 м2 отворен и 4.625 м2 затворен простор. Нудиме можност за складирање, препакување и етикетирање на различни видови роба и нејзина достава до било која крајна дестинација во регионот и пошироко. Даваме совети и упатства до нашите клиенти за правата и обврските во врска со царинските прашања. Максимално се ангажираме за брзо завршување на царинските формалности, се со цел нашите клиенти побрзо да располагаат со сопствената роба. Нашиот професионален тим е на располагање на клиентите 24/7.

https://www.deniint.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/deni_internacional_z_talogo_15.jpg


КОНТАКТ

info@deniint.com.mk

Ул. 34 бр.22 н.Илинден
1000 Скопје, Р Македонија

Денес во склоп на организацијата функционираат и:


ТРАНСПОРТ

Основна дејност на Дени Интернационал e меѓународниот транспорт. Нашата компанија располага со современи товарни возила за секаков вид на стока.



ШПЕДИЦИЈА

Наша обврска е навремено, брзо и квалитетно завршување на царинските формалности со цел, нашите клиенти навремено да располагаат со сопствената стока.




ЈАВЕН ЦАРИНСКИ СКЛАД

Дени Интернационал располага со Јавен Царински Склад со 6500 m2 отворен и 4625m2 затворен простор. Нудиме можност за складирање препакување и етикетирање.



АУТОХОФ 001

Deni Autohof 001 е прв и единствен Autohof во Македонија. За професионалниот возач и целокупната јавност нудиме услуги од врвен квалитет.