sertifikat

за општи информации:

Е-mail: info@deniint.com.mk

Ул. 34 бб н.Илинден
1000 Скопје, Р Македонија

kamion1 kamion2

Денес во компанијата се вработени 120 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени.

Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 38 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи - АДР, итн.).


Специјалност ни е збирниот транспорт од и до сите дестинации во Европа, а нудиме и поединечен транспорт. Располагаме со комплетно ЦМР осигурување и 24-часовна комуникација со возилата каде и да се наоѓаат. Веќе долго време успешно соработуваме со најголемите светски шпедитерски куќи.


Денес во склоп на организацијата функционираат и:


  1. • Јавен царински склад
  2. • Tерминал
  3. • Шпедиција
  4. • Оддел за комплетно опремување на складиштен простор со сталажи, виљушкари и машини за чистење
  5. • Бензинска станица - Autohof 001

Складот се простира на 6.500 м2 отворен и 4.625 м2 затворен простор. Нудиме можност за складирање, препакување и етикетирање на различни видови роба и нејзина достава до било која крајна дестинација во регионот и пошироко.


Даваме совети и упатства до нашите клиенти за правата и обврските во врска со царинските прашања. Максимално се ангажираме за брзо завршување на царинските формалности, се со цел нашите клиенти побрзо да располагаат со сопствената роба. Нашиот професионален тим е на располагање на клиентите 24/7.