Магацинска опрема
За целосно функционирање на Вашиот магацински простор Дени Интернационал Ви нуди комплетни решенија за складирање, манипулирање и одржување.
Застапник на брендовите LINDE Material Handling и STOW.
Еден од светски најдобрите брендови за производство на Вилушкари од секаков вид, сега достапни и во нашата земја. LINDE Material Handling вилушкарите се синоним за одличен квалитет и дизајн. Согласно потребите на Вашата компанија ќе можете да изберете електричен, дизел или LPG вилушкар. Дени интернационал ќе Ви понуди најдобар баланс помеѓу цената и перформансите, независно од тоа дали ќе се одлучите за:
- • Набавка на нови и половни вилушкари ;
- • Изнајмување ;
- • Одржување, сервис и продажба на резервни делови ;
- • Сталажни системи согласно Вашите потреби и димензии ;
- • Комплетен нацрт и план за опремување на магацинскиот простор ;
- • Можност за складирање на стока во секакви димензии и тежини ;
- • До 100% искористеност на Вашиот простор ;
- • Можност за наша достава и монтажа ;
Македонски
English
Shqip
Deutsch